Добродојдовте на web презентацијата на кумановското село Умин Дол

Оваа презентација овозможува да се запознаете со основањето на оваа село, со населението кое живее во него и да ги видите преку слики неговите убавини. Доколу живеете некаде далеку, ќе може да бидете блиску до своето родно место или пак местото за кое сте врзани на некој друг начин.

село Куманово Умин Дол

Доколку сте патувале по стариот пат од Скопје до Куманово сигурно знаете за кое место станува збор. Се наоѓа некаде на половина пат и се издвојува од другите села според плански направените улици и рамничарскиот предел. Ова село припаѓа на Кумановската општина и е лоцирано на околу 10 километри југозападно од Куманово. Според некои неофицијални статистички податоци, во Умин Дол денес живеат околу 500 жители во приближно 140 домаќинства. Жителите се занимаваат претежно сo земјоделство, но има и голем број луѓе што работат во двата најблиски града Куманово и Скопје.


Коментари на посетители

Prvo sto moram da kazem je: BRAVO! Stvarno sam prijatno iznenadjen kada sam slucano naisao na ovaj sajt. Nacin na koji je opisan istorijat i prezentacija Umin Dola je za svaku pohvalu i mogu mu pozavideti cak i neki gradovi. Za nekoga ko je ovde odrastao a zivot ga odveo dalje od rodnoga kraja ovaj sajt je prava stvar da se podseti svojih korena. Zelim vam puno uspeha u daljem radu!

Мирослав Богдановски, Србија


Спортски активности

Оваа место отсекогаш било познато како спортски расадник. Доста успешни спортисти тука ги почнувале своите први спортски чекори било да е тоа во , одбојка или ракомет. Голем дел од нив се занимавале и професионално со спорт особено со фудбал, меѓу кои најпознати се поранешниот репрезентативец на Македонија во фудбал Саша Ќириќ и Живко Спасиќ кој има настапувано за фудбалскиот клуб Куманово во тогашната втора Југословенска лига.

Фудбалски клуб Слога Умин Дол Куманово спорт
Фудбалот е најзастапен спорт и според некои кажувања фудбал во Умин Дол почнал да се игра уште во педесетите години на минатиот век. Фудбалскиот клуб "Слога" е моментално единствената спортска екипа што функционира и се наптреварува во општинската лига. Исто така постои и екипа во мал фудбал која учествува на локалните турнири.


Луѓе што оставиле трага

Саша Ќириќ е поранешен репрезентативец на Македонија во фудбал. Тој е роден на 11 јануари 1968 година и неговите фудбалски почетоци се врзани за фудбалскиот клуб "Слога" од Умин Дол. Играл на позицијата напаѓач успешно бранејќи ги боите на повеќе клубови од Македонија и од странство меѓу кои: Металург, Пелистер, Вардар (Македонија), ЦСКА Софија (Бугарија), Арау ( Швајцарија), Нинберг, Тенис Борусија Берлин, Ајнтрахт Франкфурт, Офенбах Кикерс ( Германија).

Саша Ќириќ фудбалер од Умин Дол репрезентативец
Денес Ќириќ живее и работи во Скопје.

Прочитајте за други луѓе од Умин Дол што оставиле трага

Приклучете ни се на Facebook

Почекајте 10 секунди...!!! Затворете го прозорецот