Добродојдовте на web презентацијата на кумановското село Умин Дол


Оваа презентација овозможува да се запознаете со основањето на оваа село, со населението кое живее во него и да ги видите преку слики неговите убавини. Доколу живеете некаде далеку, ќе може да бидете блиску до своето родно место или пак местото за кое сте врзани на некој друг начин.

село Куманово Умин Дол

Доколку сте патувале по стариот пат од Скопје до Куманово сигурно знаете за кое место станува збор. Се наоѓа некаде на половина пат и се издвојува од другите села според плански направените улици и рамничарскиот предел. Ова село припаѓа на Кумановската општина и е лоцирано на околу 10 километри југозападно од Куманово. Според некои неофицијални статистички податоци, во Умин Дол денес живеат околу 500 жители во приближно 140 домаќинства. Жителите се занимаваат претежно сo земјоделство, но има и голем број луѓе што работат во двата најблиски града Куманово и Скопје.


Коментари на посетители

Prvo sto moram da kazem je: BRAVO! Stvarno sam prijatno iznenadjen kada sam slucano naisao na ovaj sajt. Nacin na koji je opisan istorijat i prezentacija Umin Dola je za svaku pohvalu i mogu mu pozavideti cak i neki gradovi. Za nekoga ko je ovde odrastao a zivot ga odveo dalje od rodnoga kraja ovaj sajt je prava stvar da se podseti svojih korena. Zelim vam puno uspeha u daljem radu!

Мирослав Богдановски, Србија


Спортски активности

Оваа место отсекогаш било познато како спортски расадник. Доста успешни спортисти тука ги почнувале своите први спортски чекори било да е тоа во , одбојка или ракомет. Голем дел од нив се занимавале и професионално со спорт особено со фудбал, меѓу кои најпознати се поранешниот репрезентативец на Македонија во фудбал Саша Ќириќ и Живко Спасиќ кој има настапувано за фудбалскиот клуб Куманово во тогашната втора Југословенска лига.

Фудбалски клуб Слога Умин Дол Куманово спорт
Фудбалот е најзастапен спорт и според некои кажувања фудбал во Умин Дол почнал да се игра уште во педесетите години на минатиот век. Фудбалскиот клуб "Слога" е моментално единствената спортска екипа што функционира и се наптреварува во општинската лига. Исто така постои и екипа во мал фудбал која учествува на локалните турнири.


Луѓе што оставиле трага

Војислав Спасиќ е познат просветен и спортски работник во кумановската општина. Тој е роден на 31 август 1938 година. Oсновно училиште од прво до четврто одделение учел во Умин Дол, а од петто до осмо одделение завршил во основното училиште Вук Караџиќ во Куманово. Во Куманово продолжил и со средношколско образование и тоа во Гимназија. По завршување на Гимназијата, завршил диференцијална матура во Битола, по што работел една година како учител и една година како наставник во Младо Нагоричино. Во 1959 година се запишал на педагошка академија во Скопје, насока француски и македонски јазик и студирал се до 1961 година.

Војислав Спасиќ
По отслужување на воениот рок работел две години како наставник по француски и македонски јазик во Умин Дол. Од Умин Дол се префрлил во основното училиште Вук Караџиќ во Куманово и таму работел се до пензионирањето, 2000 година. Во периодот од 1992 година до 1999 година бил назначен за директор на ова училиште, а останатиот период работел како наставник. Војислав Спасиќ покрај во образованието има дадено голем допринос и во спортот, првин како сојузен ракометен судија, а по завршувањето на судиската кариера и како делегат контролор . На голема жалост на сите оние што го имаат запознаено овој човек, тој повеќе не е меѓу нас.

Прочитајте за други луѓе од Умин Дол што оставиле трага